Поранешната пратеничка и советничка од редовите на СДСМ, Софија Куновска порачува дека нејзината сопартијка и актуелна министерка Радмила Шекеринска – безочно манипулира.

Безочна манипулација на Радмила Шекеринска во изјавата со која го брани неодбраливото Фашизмот нема етничка боја. Денес кога зборуваме за нашите односи со Германија, не дозволуваме тие односи, како ни односите меѓу Франција и Германија, да бидат доминирани од прашањето на фашистичкото минато, вели Куновска.

Таа потенцира декаГерманија не ја условува Македонија за ништо и не бара од нас да го избришеме од учебниците „германскиот фашистички окупатор“.

Барем таа можеше да седне и да прочита некој ред. Да речеме „Прашање на вината“ од Карл Јасперс за да го разбере фашизмот и нашиот однос кон него, напиша Куновска на ФБ

Безочна манипулација на Радмила Шекеринска во изјавата со која го брани неодбраливото : – Фашизмот нема етничка…

Posted by Sofija Kunovska on Четврток, 26 ноември 2020