Фудбалерот на Арсенал и поранешниот германски репрезентативец Месут Озил вчера се венча за поранешната Мис на Турција , Амине Гулсеу.

На свадбата во Истанбул кум беше претседателот Реџеп Таип Ердоган , кој во луксузниот хотел стигна со својата сопруга Емине.

Познатиот фудбалер уште во март го поканил Ердоган да му биде кум.