x

Куман објасни зошто го остави Меси на клупата

kuman

Барселона на домашен терен го совлада Бетис со 5-2 и стави крај на низата од четири меча без победа. Стратегот на каталонскиот гигант, Роналд Куман ги изненади сите кога на клупата го остави Лионел Меси. На полувремето беше 1-1, по што во игра влезе Аргентинецот.

Меси ја направи разликата постигна два гола, Барса заигра и дојде до третата победа оваа сезона во Ла Лига.

По мечот новинарите го прашаа Куман зошто го оставил најдобриот фудбалер на клупата.

„Пред мечот зборувавме, имаше мала непријатност против Киев, па одлучивме да одмори и да го искористиме само доколку има потреба од тоа. Знаеме кој е, и не се сомневаме во него. Не беше стартер, но само што влезе играта се промени.

Што се однесува за мечот, Куман додаде:

„Ја заслуживме победата, заслуживме да дадеме и повеќе голови на полувремето. Имавме многу шанси и многу промашувања. Но, беше само 1-1 на одморот. Но, во вториот дел го задржавме тимскиот дух. Важна победа, трите бода се во вистинско време по последните резултати. Бевме добри, но разочарувачки е да постигнеш гол кога имаше играч повеќе на теренот“.

Барселона е на осмото место на табелата со 11 бода и еден меч помалку.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата