x

Куман за Суарез: Јас излегов лошата личност во овој „филм“

kuman

По заминувањето на Луис Суарез, за кое сите фрлија со остри стрели по раководството на Барселона, како и тренерот Роналд Куман, се огласи холандскиот тренер кој имаше свој став:

„Изгледа дека јас излегов лошата личност во целиот овој филм иако го повикав Луис Суарез и му покажав почит како фудбалер и како личност. Му реков дека ќе биде тешко да се избори за минутажа ако остане. Пред да дојдам тука, клубот донесе некои одлуки кои јас ги прифатив“, рече Куман.

Исто така ги коментираше и прошталните зборови на Меси кон Суарез.

„Нормално дека е тажен кога еден од неговите најдобри пријатели го напушти тимот. Лео е пример за сите, ниту еднаш не се случило да не биде подготвен“, рече Куман.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата