На 19.04.2020 во 17:30 часот било пријавено дека на лoкалниот пат с.Г.Коњаре-с.Четирце, Б.Ј.(43) од с.Четирце-кумановско, управувајќи мотоцикл „jамаха“ со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола над мотоциклот, по што паднал на коловозот.

Б.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, а со повреди се здобил и 17 годишен сопатник, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.