x

Куманово со сериозни проблеми пред дуелот со МЗТ Скопје

kumanovo

Денеска ќе се одиграат два дуели од 9. коло во Првата лига. Црн Дрим е домаќин на Пелистер (13:30 часот), додека пак Куманово го пречекува МЗТ Скопје, дуел кој се игра со почеток во 17 часот.

Кога станува збор за домашниот шампионат Куманово и МЗТ Скопје зад себе имаат мечеви за заборав, па денеска ќе бараат шанса да се вратат во вистински ритам.

Тимот на Куманово има проблем дури четворица играчи висат за оваа средба.

Но младиот стручњак, Владимир Мирковски, има проблеми, дури четворица играчи висат за денешниот меч.

„Ова е веќе наш четвртти натпревар за седум дена. Буквално играме секој втор ден. Уморни сме, имаме четири повредени кошаркари, но не се предаваме. Тоа го потврдивме и на последниот натпревар со Академик на кој успеавме да му го нанесеме првиот пораз во Балканската лига. Во моментов надвор од теренот се Зивчевиќ, Црниќ, Грант, Цветковски, додека пак Глигоријевиќ игра со скршен прст. Ќе чекаме одговор од лекарите околу тоа кој ќе може да игра против веројатно најдобрата екипа во лигата“, вели Мирковски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата