Куманово ја запиша третата победа во домашниот шампионат, на свој терен го совлада дебитантот Црн Дрим со 86-75.
Добрата игра во првата четвртина се покажа како клучна, кумановци имаа позитива од 24-13, а на стартот на вториот период и од 31-15.
Стружани, одиграа подобро, но не доволно за пресврт, на одморот беше 48-37. Домаќинот во ист ритам продолжи во второто полувреме, на другата страна Црн Дрим успеа да ја намали двоцифрената негатива, но не и да направи пресврт.
Рос и Андрејевиќ беа најефикасни, заедно постигнаа 43 поени, кај Струга, Клусен запиша 21 поени.