Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 15226,  бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6156, активни 575

• Куманово 1548, активни 231

• Дебар 260, активни 27

• Штип 1187, активни 90

• Прилеп 531, активни 139

• Тетово 1258, активни 104

• Струга 595, активни 55

• Велес 280, активни 22

• Битола 231, активни 42

• Охрид 376, активни 57

• Кавадарци 190, активни 25

• Гостивар 824, активни 114

• Гевгелија 74, активни 43 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 83, активни 31

• Крива Паланка 61, активни 19

• Радовиш 47, активни 7

• Крушево 17, активни 1

• Кочани 166, активни 37

• Пробиштип 90, активни 15

• Демир Хисар 60, активни 2

• Македонски Брод 80, активни 13

• Пехчево 38, активни 26

• Берово 68, активни 35

• Валандово 9, активни 1

• Виница 83, активни 27

• Делчево 108, активни 77 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 6

• Свети Николе 301, активни 27

• Кичево 286, активни 42

• Ресен 147, активни 0

• Неготино 48, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 81 пациенти. На кислородна поддршка се 59, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле хоспитализирани  се  2 деца и 3  мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122, позитивни и сомнителни на ковид-19.