x

Куманово го доби мак-дерби во БИБЛ, ТФТ немаше сили за сензација

kumanovo

Куманово излезе како победник во првата македонската пресметка во БИБЛ-лигата оваа сезона, го совлада ТФТ со 90-83 (21-15, 29-23, 16-25, 24-20) во првото коло во БИБЛ-лигата.

Иако стартот најавуваше дека ова ќе бидат лесни бодови за домаќинот, сепак гостите покажаа зошто местото им е во Првата лига, и секако пријавија учество во балканското друштво.

И покрај негативата од 15 поени, успеаја да се вратат целосно во мечот, па дури и да израмнат во последниот период, но немаа сили за целосен пресврт. Искуството на противникот беше пресудно.

Робев со 15 поени, Марковски со 12 поени и шест скока, и Андрејевиќ со дабл-дабл од 11 поени и 12 скока беа најефикасни во редовите на Куманово, на другата страна Андерсон имаше 20 поени.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата