x

Кулушевски го замолче Неапол – Кулибали ем подари гол, ем се повреди (видео)

Кошмарен старт на Џенаро Гатусо на клупата на Наполи. На мечот со Парма, Наполи губи по првото полувреме со 0:1. Уште во четвртата минута Калиду Кулибали, бекот кој Аурелио де Лаурентис го проценува на преку 100 милиони евра, направи голем кикс кој го искористи Швеѓанецот со македонско потекло Дејан Кулушевски кој ја погоди мрежата. Кулибали не само што киксна, туку во обидот да ја исправи својата грешка се сопна и се истркала на теренот. Не можеше да продолжи и побара измена. Луперто влезе на негово место. Дополнително ќе биде утврдена тежината на повредата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата