x

Кулушевски во друштво со Фати, Халанд, Феран Торес, Санчо…

kulusevski-izjava

Италијанскиот “Тутоспорт“ го скрати списокот на 20 млади фудбалери кои ќе конкурираат за наградата “Златно момче“, или за најдобар млад играч до 21 година. На првичниот список беа 100 играчи, но сега се навистина најдобрите. Меѓу нив е и Дејан Кулушевски од Јувентус, Швеѓанец со македонско потекло. Тој покрај Анси Фати, Ерлинг Халанд, Џејдин Санчо, Феран Торес, Фил Фоден, Букајо Сака, Едуардо Камавинга, Родриго…е еден од најсериозните кандидати за освојување на оваа престиќна награда која се доделува по вторпат. Инаку за победникот решаваат, со гласање, дури 40 новинари од цела Европа.

Лани за најдобар бепе прогласен Жоа Феликс, а меѓу 40-те номинирани беше и Елиф Елмас.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата