x

Кулибали се договорил со Сити, а на негово место во Наполи доаѓа Сократис

kulibali-2-e1598904432107

Според информациите на „Франс Фудбал“ корпулентниот бек на Наполи Калиду Кулибали наскоро ќе стане член на Манчестер Сити. Наводно францускиот интернационалец ги договорил личните услови со клубот од Манчестер па останува уште двата клуба да се договорат околу откупната сума. А таа нема да биде ниска. Да потсетиме, минатото лето Манчестер Јунајтед сакаше да го донесе асот на Наполи  меѓутоа 80 милиони евра не беа доволни. Како ќе биде сега ќе видиме.

Во меѓувреме Наполи си донесе нов дефанзивец. Тој би бил замена за Кулибали, секако, ако Французинот си замине или пак во случај да остане тогаш би бил негова поддршка. Се работи за грчкиот репрезентативец Сократис Папастатопулос за кого Наполи ќе плати 4,5 милиони евра. Гркот ќе потпише тригодишен договор и ќе заработува по 2,5 милиони евра по сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата