x

Кукоски, Џукич, Граџан и Вегар остануваат во Битола

Еурофарм Пелистер продолжува со градење на тимот за следната сезона. Од таборот на битолскиот клуб соопштија дека ја продолжија соработката со четворица играчи.

“Со огромно задоволство ја информираме спортската јавност и верните навивачи дека на наше големо задоволство ја продолживме соработката со нашите досегашни играчи МИЛОРАД КУКОСКИ, МИЛАН ЃУКИЌ, ЕЛМИР ГРАЏАН и МАРИН ВЕГАР. Очекуваме дека нивното ракометно знаење, професионалност и искуство ќе бидат од огромно значење за нашата екипа во борба за шампионската екипа во наредната сезона”.

Претходно потпиша Танкоски, договорот го продолжи Стјепановиќ, а ново име е Периќ.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата