x

Кузмановски се отвори со шест гола, Магдебург е во групната фаза од ЕХФ купот

По Борко Ристовски со Бенфика, македонскиот ракомет доби уште еден репрезентативен претставник во групната фаза од ЕХФ купот, Филип Кузмановски и неговиот Магдебург.

Бекот, конечно доби добра минутажа и истата ја искористи најдобро што знае и умее, со шест погодоци од девет обиди беше трет најдобар стрелец за Бундеслигашот и со убедлива победа 37:26 (22:15) против Горник Забрже.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата