x

Кугларите и овој викенд нема да играат редовно коло од МКЛ

kuglanje-makpetrol

Синоќа на вонредна онлајн седница на Извршниот Одбор на Кугларската федерација на Македонија, едногласно е одлучено и овој викенд да нема коло во рамките на македонската кугларска лига.

Со оглед на тоа дека и претходното беше пропуштено едно коло поради новите Ковид мерки и покрај новопротечената информација за враќање на старите протоколи за заштита од пандемијата во спортот, лигата нема да продолжи. Исто така е одлучено да се следи ситуацијата во секој клуб засебно во однос на здравствената ситуација на сите активни куглари/ки и едногласно се донесе дополна на Протоколот со кој доколку макар и еден куглар/ка од одреден клуб е позитивен-на на Ковид 19, натпреварот на таа екипа ќе биде одложен на неодредено време, а со тоа значи нема да важи делот од Пропозоциите кој наведува дека одложен натпревар мора да се одигра до почетокот на наредното коло.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата