На вчерашната вонредна седница на Извршниот одбор на Кугларската федерација на Македонија едногласно е одлучено одложување на Македонската кугларска лига (МКЛ) на неодредено време. Причина, неповолните здравствени услови во моментов.
ИО се обврза на една седница неделно за ажурирање на здравствената ситуација во куглањето и општата ситуација со вирусот. Оваа одлука е подложна на промена во секое време во зависност од моменталните услови.
Од почетокот на сезоната беа комплетирани две кола од МКЛ.