Кувајт го поддржа апелот на Саудиска Арабија и Русија за деветмесечно продолжување на договорот за намалување на производството на нафта.

„Кувајт пружа целосна поддршка на заедничката позиција на Саудиска Арабија и Русија за продолжување на договорот за намалување на производството меѓу Организацијата на земјите извознички на нафта и другите производители до март 2018 година” – се наведе во соопштението на кувајтскиот министер за енергетика Есам ал-Марзук. Русија и Саудиска Арабија повикаа на продолжување на договорот, пред состанокот на ОПЕК на 25 мај.