Американската голема лига за безбол (МЛБ) и Кубанската Безбол Федерација постигнаа договор со кој кубанските играчи ќе можат да играат за американски тимови, и покрај дипломатските тензии помеѓу овиде две држави.

Играчите со потекло од Куба отсега ќе можат да бидат дел од МЛБ тимовите без да мораат да пребегнат од земјата во која владее комунистички режим.

МЛБ исто така се согласи да и плаќа на Кубанската федерација процент од бонусите кои би ги добивале кубанските играчи.

Официјалните лица изразија надеж дека со овој договор ќе се прекине тргувањето со играчите од Куба.

Според новиот договор, кубанските безбол играчи над 25 години, кои играле за домашни тимови во период од шест години, имаат право да ја напуштат земјата и да потпишат договор со тим од американската лига, пренесуваат американските медиуми.

извор: Makfax