Во попладневните часови на 19 август во полициската станица во Крушево, било пријавено дека во банка во градот, едно лице со закана со пиштол одзело пари од вработените.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид извршила полициска екипа.

По наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Прилеп, извршен бил претрес во домот на 51-годишниот Т.С. од Крушево, кој бил приведен во врска со случајот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax