Каков татко таква ќерка. Ќерката на популарниот актер Жан Клод ван Дам, атрактивната Бјанка Бри покажа дека не се разликува многу од својот познат татко.

Со видео на кое вежба јога во дворот предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.

Жан Клод ван Дам е познат по својата совршена физичка подготвеност, но и неговата ќерка Бјанка докажа дека е вистинска негова наследничка.

Бјанка исто како и нејзиниот татко е актерка, а во филмовите се потпишува како Бјанка Бри.

„Неверојатно“ и „Ова е најубавата личност што сум ја видел“, биле само некои од коментарите.

„Поради ПМС, тешко ми е да се фокусирам на јогата“, се наведува кратко во описот, па така покажала дека не постојат пречки за оние кои сакаат здрав дух и здраво тело.