По минатонеделната вест дека во Владата на Бугарија има двајца министри -поранешни агенти на озлогласената комунистич ка ДБ, премиерот веднаш даде налог детаљно да се испита целиот случај. Претседателот на Комисијата за досиеја, Методи Андреев, по тој повод изјави: “Во бугарската Влада има министер со десетгодиш ен стаж во поранеш- ната Државна безбедност (ДБ), каде како агент го имал псевдонимот “Колев”. Андреев додаде дека министерот служел во втората главна управа на поранешната ДБ и дека тој во 2001 година испратил писмо со сите информации за тоа лице до премиерот Симеон Саксобурготски. Анреев тврди дека не станува збор дека тоа би можеле да бидат министрите за полиција или за одбрана. Меѓутоа, тој не го откри идентитетот на поранеш- ниот “крт” во сегашната бугарска Влада, ниту, пак, спомна дали тој и сега е активен.