Крис Мартин и посвети песна на Кајли
Крис Мартин во текот на една изведба во живо и посвети песна на Кајли Миног. Пејачот на “Колдплеј” и оддаде почит на австралиската поп убавица која на почетокот на неделата соопшти дека има рак на градите и потоа и го испеа хитот “The Scientist”. Тој на публиката, во која била и неговата сопруга Гвинет Палтроу, на промоцијата на новиот албум “X&Y” изјави: “Оваа песна е за Кајли Миног. Те молам, оздрави брзо.” Крис и неговите другари од бендот наводно многу се растревожиле кога чуле дека Кајли има рак.