Американскиот актер Кристијан Слејтер е уапсен бидејќи на непристоен начин допирал задник на некој жена во една продавница во Њујорк. Актерот и неговата девојка се карале во една продавница на Менхетен. За време на кавгата, Кристијан ја зграпчил за задникот жената која во тој момент купувала газиран сок. Жената тогаш ја известила полицијата, која го пронашла актерот на неколку метри од продавницата. На познатиот актер ќе му биде судено на 14 август.