Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се подготвува да тргне по стапките на Дејвид Бекам, Ерик Канотона и Паскал Нума.

Според пишувањето на порталот Dream Team, играчот на Реал Мадрид ќе се појави во новиот филм на Мартин Скорсезе „Манипулатор”.

Ова остварување кое во кино салите се очекува во 2016 година инспирано е од животот на 39-годишниот италијански милионер Александро Прота, кој наводно послужил како модел за главниот јунак на романот и филмот „50 нијанси сиво”.

Во филм на Скорсезе, тројниот освојувач на „Златна топка” ќе се игра самиот себе, додека главната улога ќе ја игра Ченинг Тејтум. Во филмот, исто така, ќе се појави и една ѕвезда од модните писти, супермоделот Алесандра Амброзио.

Филмот ќе се снима во Њујорк, во стан во кулата Трамп, на Петата авенија, која Роналдо неодамна ја купи за 18 милиони долари.

Раскошниот стан од 233 квадрати со поглед на Централ парк, порано припаѓаше на Алесандро Прота.