x

Кристал Палас со помош за своите возрасни навивачи

Дека англискиот фудбал е поразличен од останатите тоа одамна го знаеме. Ангичаните секогаш знаеле со некој гест или потег да привлечат внимание, да остават впечаток.

Кристал Палас, односно неговите раководни струкури, одлучија во овие тешки времиња да им помогнат на своите највозрасни навивачи.

Според списокот на фанови со сезонски билети, од клубот на сите поддржувачи над седумдесет години телефонски ги контактираче и им понудиле било каква помош. Кристал Палас со еден збор им стои на располагање за набавување на храна, лекови…

Лондонскиот клуб со ова направи огромен гест, а англиската јавност срдечно го поздрави тоа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата