Криминалистика е главен предмет на факултетот за Детективи и криминалистика на Европски универзитет,затоа што во него се кријат главните сегменти за разрешување на едно кривично дело. Животот претставува најзначајно добро, вредност кој е и основ на другите човекови вредности. Тој е база за остварување на вредностите на човекот. Кога не би постоело право за животот на човекот,како камен-темелник корпус над другите човекови права,тогаш не би имало никаква смисла.Денес не постои правен поредок кој не ги штити човековите права.

Со тоа што правото на живот е универзално и врховно право на човекот, неговата заштита е инкорпорирана и гарантирана со низа документи кои ги носи меѓународната заедница, а се прифатени со низа акти донесени со внатрешни планови. Криминалистиката е посебна наука за откривање, истражување, докажување и разјаснување на кривичните дела и сторители, а до одреден степен и нивно превенирање. Нејзината трихотомија (тактика, методика, техника) како потсистеми го сочинуваат системот на криминалистичката наука како целина која има исклучително значајно место и улога во севкупната стратегија на борбата против криминалитетот.

На кој начин и како може да ни помогне криминалистиката?

За постоење на едно кривично дело можеме да дојдеме преку индиции, тоа се утврдени факти и околности кои посредно покажуваат на можноста за постоење на кривично дело, на одредено лица како можен сторител или, пак, други факти и околности поврзани за делото и сторителот. До тие индиции можеме да дојдеме преку увид, претрес на стан, стручно мислење, прибирање информации,забележување, набљудување, следење осомничен,оперативни евиденции и слично.

Индициите можеме да ги поделиме во три групи: Индиции кои се појавиле порано, пред да се изврши кривично дело,при извршување на кривично дело и како последица од кривично дело. Тие индиции не доведуваат до траги кои претставуваат материјален доказ со кои се потполнува субјективната смисла на дадените искази.Можат да бидат индицијални или непосреден доказ во постапката. Постјат разни видови траги и тоа од човечко (папиларни линии, раце, стапала, заби,траги од другите делови од човечкото тело и траги од животинско и биолошко потекло,траги од предмети (возила,средства,огнено оружје),траги од дејство на сила (пожар,експлозија, хаварија) и микро траги. За да ги пронајдеме тие траги мора да постои место на криминален настан-содржината на секоја криминалистичка обработка на лице место се однесува на:обезбедување на лице местото, прибирање на известување на местото на криминалниот настан, вршење на увид и правење записник.

Лице место е она место или објект во однос на кое преку напосредно забележување е можно да се утврдат или разјаснат некои важни факти во постапката на вршењето на увидот,т.е тоа е место каде сторителот го извршил дејствието или, пак, каде што настапила забранетата последица,но тоа може да биде и секое друго место на кое се наоѓаат траги и предмети од кривичното дело. Увид- истражно дејствие кое се состои во истрага на ситуацијата на местото на кривичниот настан,тоа е материјалната структура на местото вклучувајќи ги и неговите карактеристики,главните објекти и предмети на него и нивната состојба, локација во однос еден со друг и други предмети. Увидот е доказно дејствие кое се презема кога за утврдување или разјаснување некаков факт во постапката е потребно непосредно забележување. Квалитетното извршување може да има големо, пресудно значење за судското одлучување и него го врши МВР или истражниот судија или судскиот совет на главниот претрес.

Објекти на истрагата може да бидат: каков и да е дел (фрагмент) од материјална средина,други објекти (лешеви од луѓе,животни) и материјално фиксирани траги. Учесници на увидот се зависно од потребата: лекар по судска медицина, инженери и техничари од разни струки, балистичари итн. Увидот има статичка и динамичка фаза.ВО статичка фаза,не менуваме ништо,оставаме се како што е за да се фотографираат,направи скица, мислена реконструкција на настанот и се обележуваат трагите и снимањето на затекнатата состојба. Во динамичка фаза се преземаат дејствија со цел фиксирање,обезбедување и пакување на пронајдените траги и предмети, по потреба се извршува и вештачење како и реконструкција со истражен експеримент. Криминалистиката настанала паралелно како полициска дисциплина и како дисциплина на научни методи и разјаснувања,т.е наука на преткривична и кривична постапка,репресивно-превентивно сузбивање на криминалитетот и криминалистичка профилакса. Затоа криминалистиката е наопходна за решавање на едно кривично дело.