Полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович поднесе оставка, објави ресорното министерство.

Во јули, Чапутович навести дека може да се повлече од функцијата шеф на дипломатијата, откако владејачката партија „Закон и правда“ ги објави плановите за кадровски промени во владата.

Оставката на Чапутович се случува два дена по оставката на полскиот министер за здравство Лукаш Шумовски, пренесува „Ројтерс“.

извор: Makfax