По лидерската средба во присуство на американскиот и амбасадарот на ЕУ, Џес Бејли и Аиво Орав, вчера амбасадорите од 15-ина земји-членки на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Целта на средбата, како што информираат учесниците, била да се придонесе во решавањето на проблемите односно на политичката криза, но и како што кажа Ахмети “да се спречи отворање на нови теми кои би предизвикале отворање на други прашања кои би воделе кон нови проблеми#.

-Свесни сме дека плаќаме огромна цена и како партија одлучивме да останеме во процесот се до завршување на политичката криза. Изразив загриженост дека за оваа криза цената ја плаќаат сите граѓани, сите инвеститори кои планираат да инвестираат, а веќе се повлекуваат, многу туристи ги откажаа нивните аранжмани за посета на земјава и сето ова не е добар сигнал, изјави Ахмети по средбата со амбасадорите.

Тој додаде дека побарал од сите амбасадори, особено од Орав, да се охрабрат партиите што е можно поскоро да се постигне решение за да се испочитува целосно договорот од 2 јуни.

– Во исто време го изразив и моето разочарување од непочитување на договорот и од средбата во Брисел на 10 јуни од каде се вративме со празни раце без потврда за нешто што веќе беше договорено, посочи Ахмети.

Според него партиите треба до крајот на неделава да ги приближат ставовите по што ќе се изгради стратегија за да се имплементираат сите препораки од ЕУ.

-Покренав и прашања кои се однесуваат на односите во регионот бидејќи сметам дека нашиот регион има потреба за многу поголемо докажување кога станува збор за стабилноста и мирот, бдејќи се наоѓаме пред предизвик. Треба да имаме соработка како со Грција, така и со Бугарија. Брисел нема време само за Македонија, зашто има и други прашања и проблеми за кои треба да се разговара, рече Ахмети укажувајќи дека решавањето на кризата зависи од партиите во државава. (Ј.Ц.)