Кога две лица ќе решат да стапат во брак, тоа треба да значи да се заколнат на вечна верност, поддршка и искреност. Сепак, сите знаеме дека во многу случаи не излегува толку бајковито.

Многу бракови пропаѓаат поради тајни и лаги.

Популарноста на интернетт доведе до тоа да многу експерти за врски и бракови ги нудат своите услуги на интернет, а се повеќе луѓе да се одлучуваат да бараат совет на овој начин.  Така оваа жена се доверила дека нејзиниот сопруг открил тајна која му ја криела 17 години.

Имено, таа претходно била во кратка врска со неговиот брат уште рпед тие двајца да се запознаат, за која никој не знаел.

– На 19-годишна возраст се забавував со неговиот брат околу шест месеци. За нас беше забавно и возбудливо, но раскинавме кога тој мораше да се пресели на работа во друга земја, вели таа.

Набргу потоа, таа го запознала својот сегашен сопруг.

– Се запознавме на работа, се заљубивме и по две години се венчавме. Неговиот брат дојде од странство на нашата венчавка и кога разговаравме, заедно се договоривме дека никогаш нема да го споменеме нашето минато, вели таа.

Но се случило нешто за што таа никогаш не помислила.

– Неговиот брат ми призна дека сè уште ме сака и сака да му каже сè на мојот сопруг. Кога ја дозна вистината, тој беше во целосен шок. И покрај тоа што се случи пред 17 години, тој не можеше да поверува дека криевме толку голема тајна толку долго. Мислам дека не сум го видела толку лут. Сега ситуацијата малку се смири, но напнатоста меѓу нас сè уште се чувствува, вели оваа жена.