Струмичката полиција до ОЈО Радовиш поднесе кривична пријава против пет лица на возраст од 23 до 40 години, поради сомнеж дека сториле 14 кривични дела на подрачјето на Радовиш.

Делата за кој се товарат обвинетите се „кражба“, „тешка кражба“ и „одземање моторно возило“, и биле сторени во период од февруари до јули годинава.

Преку извршување на делата петте осомничени, како што информираат од МВР, се стекнале со противправна имотна корист од околу 188 000 денари.

извор: Makfax