Скопската полиција во два одделни случаи поднесе кривични пријави против двајца дилери за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Во првиот случај, при претрес на домот на 44-годишен скопјанец била пронајдена марихуана. Во вториот случај во станот на 30-годишник од Скопје биле пронајдени амфетамини.

извор: Makfax