Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против штипјанец за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, соопшти МВР.

„На 16.01.2017 година пријавениот, како стечаен управник на фирма во Куманово, извршил продажба на киоск кој бил дел од стечајната маса на стечајниот должник, а кој не евидентирал во стечајна маса на фирмата од Куманово, со што истиот се стекнал со противправна имотна корист од 41.300 денари“ стои во соопштението.

.

извор: Makfax