СВР Велес поднесе кривична пријава против Е.М. (31) од Скопје и Г.Л. (51) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 23.02.2018 година на ул.„Финска” во Скопје второпријавениот од првопријавениот набавил 24 грама кокаин, по што со такси возило заминал за Велес. На автопатот Скопје – Велес, во близина на наплатниот пункт кај Сопот, при преглед на такси возилото и второпријавениот, полициски службеници кај второпријавениот пронашле и одзеле 24 грама кокаин.

извор: Makfax