Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш поднесе кривична пријава против А.Ш.(21) од Штип и А.Д.(25) од с.Банско, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Kако што соопшти МВР, на 17.06.2019 на магистралниот пат Радовиш – Штип, кај клучката за с.Тополница, при преглед на возилото „форд транзит“ пронашле 20 лица – мигранти од Бангладеш, додека во паркирано товарно возило „фолксваген транспортер“ пронашле 21 лице – мигрант (16 од Бангладеш и пет од Пакистан).

По преземени мерки било утврдено дека возилата ги управувале пријавените.

извор: Makfax