Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава против инспекторот во СВР Тетово кој испука куршум во канцеларија додека го чистел пиштолот, соопшти МВР.

Против Ш.С. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Пријавениот, на 02 јуни, во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден.

Од страна на одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на полицаецот.

 

извор: Makfax