СВР Велес поднесе кривична пријава против Љ.П.(54) во Велес, Р.Х.(55) од село Бузалково, Р.А.(30) од Велес, Д.П.(44) од Велес, С.П.(35) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Во текот на јули 2018 година во атар на село Сулаклари, велешко, второ и третопријавениот, како шумочувари во Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес, пронашле бесправно исечени
огревни дрва. По ова, првопријавената, како раководител на Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес, спротивно на Законот за шуми, не го известила државниот инспектор за шумарство и ловство за пронајдената дрвна маса, а четврто и петтопријавениот, како магационери во Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес, му издале испратници на трето лице за превоз на дел од пронајдената дрвна маса, додека второ и третопијавениот со пропуштање на должен надзор го овозможиле тоа.
Исто така, пријавените му го вратиле претходно одземениот трактор на Д.П., кој на 10.07.2018 година на наведената локација, од страна на вработени во Шумска полиција Велес, бил затекнат како врши утовар од
наведената бесправно исечена дрвана маса, без соодветна документација.