Скопската полиција поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство против педесетгодишниот М.Г., поради сомнение дека тој сторил кривично дело „убиство“.

Како што информираат од МВР, на 19-ти месецов, додека пријавениот бил во семејниот дом, одлучил најпрвин да и го одземе животот на неговата мајка, К.Г.(77), а потоа да си го одземе и сопствениот живот. Додека неговата мајка била на креветот, М.Г. и нанел една убодна рана во пределот на градниот кош и во текот на ноќта во неколку наврати се обидел да изврши самоубиство, но не успеал во намерите.

Педесетгодишникот и во наредните денови, во повеќе наврати се обидувал да си го одземе животот, но не успеал, по што се откажал од намерата и одлучил да остане во неговиот дом. На 24 месецов во домот пристигнал братот на пријавениот, кој ја пронашол починатата мајка, а пријавениот му кажал дека тој ја убил. М.Г. бил лишен од слобода и по извршен разговор со него, го појаснил начинот на сторување на делото. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција.

извор: Makfax