Скопската полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 61-годишен скопјанец под сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Како што информираат од МВР, вчера напладне на булеварот „Киро Глигоров“, при рутинска контрола, полицајци запреле автомобил „рено“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на такси компанија, а управуван од пријавениот Х.М.

Притоа, во возилото биле пронајдени тројца мигранти од Иран (двајца мажи на возраст од 26 и 28 години и една жена на возраст од 31 година), кои не поседувале документи.

Пријавениот и мигрантите биле лишени од слобода. По наредба на Јавен обвинител, против Х.М. е поднесена пријава, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.

извор: Makfax