Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против полицаец од Единицата за интервентна полиција, поради сомнение за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања.

Како што информираат од МВР, пријавениот на 23 април годинава, со умисла ја искористил службената положба и известил скопјанец по кој се трагало со потерница дека полицијата го бара, овозможувајќи му да побегне од местото каде што претходно бил лоциран.

Од Одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на дисциплинска постапка пред надлежна комисија и побарано е полицаецот да се отстрани од работното место до донесување на решение во постапката.

извор: Makfax