Кремљ во петокот рече дека Велика Британија е одговорна за влошувањето на односите со Русија, отфрлајќи го повикот на Лондон Москва да го промени своето однесување на меѓународната сцена, објавија руските новински агенции.

Портпаролката на британската премиерка Тереза Меј во четвртокот изјави дека Британија може да има подобар однос со Русија ако земјата го промени своето однесување.

„Не, нема да го смениме нашето однесување, бидејќи се што Русија сака се заемно корисни односи кои се засноваат на внимавање на интересите на другата страна“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

извор: Makfax