Во врска со евентуалната средба меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп, нема напредок, изјавил советникот на Пуин, Јуриј Ушаков. Тој рекол дека подготовките за средбата се застанати на точка до која стигнале во телефонскиот разговор двајцата претседатели, на 20 март, пренесе руската агенција „Тас“.

Како што вели Ушаков, тогаш американската страна изјавила дека е можен контакт меѓу двајцата претседатели.

Ушаков не сакал да го коментира претстојниот самит меѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, а не одговорил ниту на прашањето дали е во план средба на Путин со лидерот на Северна Кореја.

извор: Makfax