Доста ви е од едни и истите работи кои постојано ги подготвувате и барате нешто поинакво а и подобро ви претставуваме рецепт за одлични свински кременадли со кашкавал. Доколку сте љубител на месото, особено свинското овој рецепт дефинитивно ќе го обожавате, а можете да го направите сами дома.

Потребни состојки: 4 свински кременадли, 150 гр шунка, 200 гр кашкавал, сол и бибер, брашно и масло.

Начин на подготовка: Измијте ги свинските кременадли и ставете ги на хартија. Посолете ги убаво и од двете страни. Откако ќе ги ставите во брашно, пржете ги во загреано масло околу 3-4 минути. На секое парче кременадла ставете по 1 парче тенко исечкана шунка, а одозгора додајте и кашкавал. Наредете ги на хартија за печење и печете ги во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 10-15 минути.

Пријатен ручек, и уживајте во своето дело