x

Креаторите на спрејот ја тужат ФИФА: Бараат 40 милиони долари и затвор за Инфантино

Пабло Силва и Хајн Алемање, креаторите на спрејот на фудбалските судии ја тужат ФИФА и челниците и на оваа организација.

Тие тврдат дека ФИФА без нивно одобрение го користела нивниот спреј, па правдата ќе ја бараат на суд. Бараат пари, поточно 40 милиони долари и затворска казна Џани Инфантино и неговите соработници.

„Ќе бараме Инфантино и сите одговорни да одат во затвора, ќе бараме и паричен надоместок. Бевме трпеливи, но кога видовме дека го користат на СП во Русија и покрај тоа што бразилскиот суд го заборави тоа, експлодиравме“, изјави Силва.

Тие имале договор со претходното раководство предводено од Сеп Батлер тежок 40 милиони евра, но по смената, никој не ги контактирал иако ФИФА продолжила да го користи истиот.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата