Со крводарителска акција на припадниците на МВР во касарната Ѓорче Петров” вчера почнаа активностите за одбележување на 7 мај – Денот на македонската полиција.

Акцијата ја посети директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски, кој нагласи дека дарувањето крв е најхуманиот начин да му се помогне на болниот.
– Во акцијата учествуваат припадници од посебните единици на Министерството за внатрешни работи меѓу кои има и лица што досега дарувале крв и по педесетина пати, рече Тодоровски.