Познато е дека американските маринци поминуваат низ пеколна обука, но ова ги преминува сите граници. Поточно, тие биле принудени да пијат крв од кобра во склоп на вежбите во џунглата со тајландската армија.

Во воената вежба “Cobra Gold 2013” на Тајланд, учествуваат околу 13 илјади војници од седум земји: Тајланд, САД, Сингапур, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја и Малезија.