x

Крај за Гонзало Игуаин

iguain

Гонзало Игуаин има уште една година од договорот со Јувентус, но според информациите на „Газета дело Спорт“, двете страни одлучиле пред време да ја прекинат соработката по завршување на Лигата на шампионите.

Игуаин се поврзува со МЛС лигата и со кам-бек во Ривер Плата.

Аргентинецот четири години беше под договор со Јувентус, одигра 147 натпревари на кои постигна 66 голови, една сезона беше на позајмица во Челзи и Милан.

Пред да потпише за „Старата дама“ играше за Наполи, Реал Мадрид и Ривер Плата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата