Филмот “Убава жена”, кој ги освои срцата на гледачите ширум светот и денес е една од најомилените романтични комедии! Меѓутоа, остварувањето кое сите ги натера да поверуваат во тоа дека треба да веруваат во бајки и дека сите соништа се остваруваат требало да има сосема поразличен крај.

Како што открил челниот човек на “Дизни” Џефри Каценберг првично било планирано Џулија Робертс, во филмот Вивиен, да заврши трагично.

Не можам да ви објаснам колку време потрошивме зборувајќи за тоа. Според сценариото, “Убава жена” е филм за улична проститутка во Холивуд. Во оригиналната верзија, која е мошне мрачна, таа умира од предозираност. Беше тешко да се убедат луѓето дека од тоа можеме да направиме “Дизни” филм, бајка за принцеза. Но успеавме. Останатото, како што велат, е историја”, рекол Каценберг.

Во верзијата која е снимена на крајот Вивијен и Едвард ги надминуваат сите пречки и остануваат заедно. Познатиот филм со кој Џулија и нејзиниот партнер во остварувањето, Ричард Гир достигнаа неверојатна слава во кината заработи преку 460 милиони долари.