– Проектот Мекфлари Краш насочен е кон јакнење на имиџот на брендовите и кон приближување до новите потрошувачи, објаснуваат од Краш за Тпортал.

Со оглед на тоа дека се задоволни од резултатите, се надеваат дека е создадена платформа за продолжување на долгорочното партнерство со Мекдоналдс.

– Нашите наполитанки и самите веќе се меѓународен бренд, чиј потенцијал секако во иднина сакаме да го развиваме. Краш извезува 35 отсто од вкупното производство на наполитанки, од што само во Саудиска Арабија над четири милиони килограми годишно, наведуваат од компанијата.

Освен исчекорот кон Мекдоналдс, Краш оваа година договори и соработка со млекарата Мегле, со која на пазарот е исфрлен напитокот “мегле краш експрес”.

Голема иновација е, велат и новата бајадера “амарус”. Тоа е вистински нов вкус на бајадера, по 61 година постоење.

Краш лани забележа раст на приходите од 4 отсто (на 891 милион куни, или 117,8 милиони евра), додека нето добивката му е повеќе од двојно зголемена и измесувала14 милиони куни (1,85 милиони евра).