Кратки вести од Киев
***
Нецел час по објавувањето на десетте победници од полуфиналето, во кои ја немаше амбициозната Белорусинка Анжелика Агурбаш, таа расплакана го напушти Евросонгот, заедно со нејзиниот сопруг, менаџерот на Сакис Рувас, Илијас Психакис (со кого, како што се зборува, повеќе не се во добри односи), со композиторот на песната Никос Терис и целата екипа. – Господе, зошто ова ми се случи, не го заслужив – гласела очајната изјава на Анжелика.
***
Вчера, 20 мај, роденденот го прослави руската претставничка Наталија Подолскаја.
***
Мартин е еден од оние кои најмногу контактираат со новинарите и кој дал најмногу интервјуа.
***
Џавин со сите сили се чува за вечерва. Не само што нејзиниот фустан ќе биде светкав во боја на сребро и злато, туку и нејзината долна облека е со верувале или не – дијаманти.
***
Бабата од Mолдавија оди на победа или на ништо, ја прашавме – Зошто се решевте да учествувате на Евросонгот? – Да им помогнам на момците да победат! – одговори таа.