Љубисав Иванов – Ѕинго (роден е 8 ноември 1936 во с. ТрновацКратовско — македонски стопанственик, фудбалски работник и политичар, претседател на Социјалистичката партија на Македонија и пратеник во Собранието на Македонија. Бил пратеник во Собранието на Македонија во сите пратенички состави од осамостојувањето на Република Македонија до 2011 година.

Љубисав Иванов – Ѕинго е политичар со најдолг политички мандат и во бивша СФРЈ и во независна Македонија. Во политиката влегува далечната 1955 година како младинец на СКМ и СКЈ.

Завршил Рударско-геолошки факултет и повеќе од 40 години бил генерален директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ – Кратово.

Запознал и соработувал со преку 2.000 пратеници во целиот мандат.

Го издигна Кратово во еден од најразвиените индустриски региони во Македонија. Успешно го приватизира рударско-индустрискиот комбинат “Силекс”, без отпуштање работници, 3000 во тој период, а во рамките на корпорацијата разви уште дваесетина успешни компании во разни дејности.

На шега велеше дека до 2002 година бил аматер политичар, а дури потоа станал професионалец.

На прашање зошто, се насмеа и одговори: “Зашто го сменија законот.”. Есента 2013 година, на лично барање, се повлече од политиката.

Упорен следбеник на производството пред услугите, сопруг на Мира, татко на две деца и обожавател на трите внуци, Ѕинго беше жива политичка легенда.

 

За претседател на СПМ е избран на Вториот конгрес на СПМ кој се одржал во јули 1995 година и бил реизбран на Третиот, Четвртиот, Петтиот и Шестиот конгрес на СПМ.

Тој бил првиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија по осамостојувањето на Македонија и на должноста бил во периодот од 1993 до 1996 година.